Објавено на:

Црна Гора не сака официјално да ги објави имињата на руските државјани на кои им го замрзна имотот

t

Црногорските државни институции не сакаат официјално да ги објават имињата на руските државјани чиј имот го замрзнале, со образложение дека не се овластени да даваат такви информации, јави денеска Радио Слободна Европа, повикувајќи се на извори во надлежните државни институции.

Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на 10 јуни изјави дека 44 имоти во Црна Гора, во сопственост на 34 руски државјани, се замрзнати.

Замрзнувањето е извршено врз основа на исполнување на обврските преземени со донесувањето на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки против Русија поради воената агресија врз Украина.

Црна Гора, како земја кандидат, ги донесе овие одлуки следејќи ја надворешната политика на Европската Унија.

Коментирајќи го замрзнувањето на имотот на руските граѓани, министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека ова е прв во низата чекори за што поефикасно лоцирање и замрзнување на рускиот имот.

Тој додаде дека процедурите, не само во Црна Гора, туку и на глобално ниво, може да бидат предмет на правни обиди за нивно оспорување, но оти смета дека тие можат да бидат успешни. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големи протести во Истанбул!

Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…

Почина Светлана Броз, внуката на Тито

Денеска во Белград на 70-годишна возраст  почина…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

„Кочани, Кочани“ ечеше на стадионот во Лихтенштајн…

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Лихтенштајн…