Цукерберг подготвува редизајн на Фејсбук: Еве какви промени може да очекуваме

t

Фејзбук, кој што денес го користат речиси 3 милијарди луѓе, наскоро би можел да промени многу, а причината за големите промени лежи пред се во конкуренцијата, односно – ТикТок.

За повеќето млади луѓе, ТикТок е најпопуларната социјална мрежа каде поминуваат многу повеќе време отколку на Facebook, а Цукерберг и неговиот тим ќе се обидат да го променат тоа. Според The ​​Verge, тимот од Мета внимателно го следи секој потег на ТикТок, а според интерен документ до кој дошле новинарите, наскоро ќе започнат голем редизајн на социјалната мрежа.


Приоритет во новиот дизајн ќе биде, според првиот човек на Facebook Том Алисон, препораката на објави (видеа) кои нема да бидат поврзани со луѓе, односно профили кои корисниците ги следат, што е тактика која успешно ја користи ТикТок. Тие исто така ќе продолжат да го зголемуваат својот фокус на Рилс и повторно имаат намера да ги спојат Фејзбук и Месинџер во една апликација.

Во интервју за The Verge, Алисон спомна еден израз кој самиот Цукерберг неодамна им го зборувал на инвеститорите – „discovery engine“, односно сакаат корисниците на Фејсбук да почнат да откриваат нови работи и нови луѓе и профили, наместо да се фокусираат, како досега, само на корисниците и страници кои веќе ги следат.

Во иднина, штом ќе заврши редизајнот и ќе биде подготвен за лансирање на сите корисници, на врвот на Facebook ќе се прикажува комбинација од сторија и рилс, а под нив ќе се прикажуваат објави предложени од алгоритмот на социјалната мрежа и кои ќе бидат фокусирани на видео. Исто така, во горниот десен агол на апликацијата ќе има инбокс за Messenger, чија цел е да поттикне полесна и побрза комуникација меѓу корисниците, без потреба од отворање на посебна апликација.

Иако овие промени, се надеваат Алисон и Цукерберг, би требало да имаат влијание врз зголемувањето на популарноста на нивната социјална мрежа, некои вработени се загрижени за последиците од нивното спроведување. Некои веруваат дека ова е агресивно копирање на TikTok што може да донесе краткорочни резултати, но може да и наштети на компанијата на долг рок бидејќи корисниците на крајот ќе сфатат дека времето кое го поминуваат на новиот Facebook не е добро и ќе се сведат само на гледање вирални видеа.

Некои вработени веруваат дека овој фокус на прикажување видеа за кои ќе одлучи вештачката интелигенција ќе го замени она што требаше да биде мисијата на оваа социјална мрежа, а тоа е да ги поврзе пријателите и семејството и да споделува содржина меѓу нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте на речникот: Битолчанец заработи кривична пријава…

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(34)…

Цукерберг подготвува редизајн на Фејсбук: Еве какви…

Фејзбук, кој што денес го користат речиси…

Внимавајте што пишувате: Скопјанец доби кривична пријава…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23)…

Хакерски напад на воените Фејсбук профили во…

Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина…

Професорка на Тетовскиот универзитет му се заканлувала…

Студентите од Факултетот за уметности при Државниот…