ЦУК: Екипите се на терен, најпрво се помага на загрозени и приоритетни случаи

t

Центарот за управување со кризи, преку 112 се трансферираат повиците за итни случаи, конкретно за помош за граѓаните погодени од невремето, до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од скопско, јавуваат од ЦУК.

Нормално, прво се помага на загрозените луѓе и тоа по прироритет што го имаат како стандардна операивна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите. Има информации од за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, летнти, односно паднати кровови од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја коишто паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…


Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.


Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.


На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример) но сепак тоа е пријава од лице место на засегана страна. За ова се веже известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.


Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно 15-етина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВО ТЕК Е БЕЗБЕДНО ОТСТРАНУВАЊЕ – Пронајдена…

Преку Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

Продолжува потрагата по лицето кое вчера скокна…

Продолжува потрагата по лицето кое вчера, рано…

ЦУК со најнови информации за човекот кој…

По остварените контакти со Бригадата на противпожарна…

(Фото) Се засилува потрагата по исчезнатото лице…

ЦУК: Потрагата се засилува по лицето кое…

(Видео) Појава на диви свињи во “Пржино”:…

Денеска на игралиштето „ЈСП“ во населба „Пржино“…