Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото, стои во честитката на Сиљановска Давкова.
Натаму таа додава, „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.
Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур – G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕНЕСКА Е ПРЕП. КИРИЈАК ОТШЕЛНИК: Столб на…
Денеска е 29 септември (по стар стил)…
Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до…
Затворен мостот Беласица – еве зошто!
Денеска од 6 до 18 часот ќе…
Пријатното и топло за октомври време ќе…
Времето денеска ќе биде сончево со мала…
Видевски од болница вратен во Шутка, судењето…
Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето…