Четворица криволовци биле фатени на дело со незаконски уловеното животно во нивното возило

Четворица жители на селото Житоше се приведени и против нив ќе биде поведена постапка, откако во нивното возило биле фатени со бесправно уловено животно.
На 28.12.2021 во 00:45 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од село Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
(Видео) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Падна нарко-дилер…
Полицијата денеска во центарот на Скопје полицијата…
Специјалци во полна воена опрема! Вака беше…
Д.М.(28) од Белград е уапсен за обид…
Жена нападната во Чаир од сопругот, свекрвата…
Денеска (06.11.2023) во 01.00 часот во СВР…
Еден од уапсените во “Синџир” извлекол речиси…
Акцијата, како што соопштија од ОЈОГОКК е…