Четворица мажи со палка тепале жена во гостиварско – Настардала уште една жена која пробала да и помогне

Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме интегрално:
– „Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.
Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци. Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело. Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание.
Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција. Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.“ – Пишува во соопштението од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Гостивар ја претепал својата мајка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
Украина ќе почне да мобилизира жени?
Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…