Четворица полицајци суспендирани заради случајот со застреланата трудница во Косово

t

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска изјави дека четворица полицајци се суспендирани по препорака на Косовскиот полициски инспекторат (ПИК) во врска со случајот со убиството на трудницата Хамиде Магаши.

Четворица полицајци се осомничени за злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи, напиша Свечља на Фејсбук.

Свечља додаде дека ПИК препорачал суспензија на четворица полицајци од Полициската станица во Липљан, додека Регионалната дирекција на Приштина ја спроведе оваа препорака.

Според приштинските медиуми, станува збор за командирот на Полициската станица во Липљан, наредникот во оваа станица и уште двајца припадници на полицијата.

„Досегашните наоди ќе бидат проследени до обвинителството за да се спроведе истрага за можно кривично дело“, напиша Свечља на Фејсбук.

Хамиде Магаши (35) беше убиена од нејзиниот сопруг во средата во дворот на Гинеколошката клиника во Приштина, а по нападот се самоубил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: Немам против Курти да си игра…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска…

Османи: Опасно е да имаш сосед како…

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека „опасно…

Уапсен Албанецот кој пукаше од автомобил во…

Полицијата во Грачаница приведе лице кое синоќа…

Вучиќ: Никогаш нема да преговарам за да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во српското…

Вучиќ пред собраниската седница за Косово: Ќе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека…