Чешкиот амбасадор: Подготвени сме за мазно спроведување на францускиот предлог штом го одобри Скопје
Коментарот на амбасадорот Јарослав Лудва доаѓа по вчерашната изјава на чешката ЕУ-аналитичка, Јана Јузова, дека, според она што го слушнала од чешкото МНР, „тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји членки, туку само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“, информира 360 Степени.
Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва, во изјава за „360 степени“ вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог веднаш штом биде одобрен од Македонија.
Коментарот на амбасадорот Лудва доаѓа по вчерашната изјава на чешката ЕУ-аналитичка, Јана Јузова, дека, според она што го слушнала од чешкото МНР, „тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји членки, туку само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“.
„Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме се што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на Преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Македонија“,
вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени“ за официјалниот став на неговата влада.
Претходно вечерва се дообјасни и самата Јузова со објава на Твитер.
„Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка“,
напиша Јузова на Твитер.
Чешка на 1 јули го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ обвинува дека не работи интензивна на…
Пациенти со Ковид кои имаат потреба од…
Пироман фатен на дело во Прилеп, МВР…
На 17.08.2024 во 18.00 часот во ОВР…
Иде живот ама скап… Енормен скок на…
стамбена зграда се продава и по цена…
Вахабистот Рамовиќ ликвидиран од српската полиција
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…
Гаши потврди дека бил во Косово: Процедурите…
Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења…