Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат на тоа дека Охридската архиепископија е наследник на бугарската црква!

t

Не работиме на утврдување на статусот на МПЦ-ОА, туку на тоа, како таа ќе биде претставена во учебниците по историја. Во актуелните учебници не им се објаснува на децата која е улогата на црквите, треба да научат кое е местото на црквата во средниот век, посочи Петар Тодоров од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања во денешното гостување во Дневникот на Сител. Тој го повтори ставот дека целта на Комисијата не е решавање на политички прашања.

„Бевме изненадени како тоа беше претставено во јавноста, дека сме разговарале за црковни прашања, за статусот на МПЦ. Тоа не е наша работа ниту сме дискутирале за такви теми. Предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла”, рече Тодоров.

Тој посочи дека бугарските претставници инсистирале на тоа дека Охридската архиепископија е наследник на бугарската црква која се појавила во бугарското средновековно царсто. Но, вели Тодоров, изворите покажуваат поинаку, дека станува збор за византиска црковна институција.

„Тука се судираме. Треба да им се објасни на децата која е улогата на Охридската архиепископија и која е улогата на црквите во византискиот свет. Препораките кои би ги усвоиле треба да бидат и за македонските и за бугарските учебници“, посочи Тодоров.

Тој беше дециден дека никој во православниот свет нема проблем со тоа што МПЦ-ОА се повикува на Охридската архиепископија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски најостро го осудува каменувањето на македонскиот…

Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук…

Левица бара МНР да го осуди нападот…

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва…

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Да немаме проблеми ни ние, ни вие:…

Македонците од Пиринска Македонија во организација на…

Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…