Чудно но вистинито: Лишен од слобода жител на Арачиново

Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на с.Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од с.Арачиново.
За него била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Див север”: Изгореа три автомобили во Арачиново…
На 20.02.2023 околу 01:30 часот во Полициското…
Арачиновец фатен со 200кг храна со поминат…
Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од…
Драма во Арачиново: 33-годишник со навлака од…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за…
Градоначалникот на Арачиново: Секоја општина има криминални…
Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, вечерва во…
Едно лице е приведено: Детали за вчерашната…
Во полициска акциска контрола во угостителски објекти…