“Шамари” од Стејт департментот за Македонија: Извештајот за човекови права нотира закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови

t

Стејт департментот го објави годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот

Припадниците на безбедносните сили извршиле одредени злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, а има и веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна корупција во владините редови, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство, како и насилство и закани за насилство ЛГБТ лица, ова се генералните заклучоци во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Северна Македонија, што го подготвува американскиот Стејт Департмент и се однесува на минатата година.

Исто така, во извештајот се констатира дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, додека народниот правобранител смета дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото.


Тортура и нечовечко постапување

Во делот посветен на случаи на тортура и нечовечко постапување, Стејт Департментот во извештајот се повикува на податоци од Единицата за професионални стандарди (ЕСС) на МВР извести според кои во првите седум месеци од минатата година постапила по 38 пријави кои се однесуваат на употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеници. Притоа две од нив се потврдени, шест од жалбите се неосновани, а 30 се отфрлени поради недоволни докази. За двата случаи се поднесени кривични пријави против двајца полициски службеници за „малтретирање при вршење на должност“.

Народниот правобранител примил 51 претставка против полицијата, меѓу кои две за полициска бруталност. По препорака на Народниот правобранител, Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОККПО) отвори прелиминарна истрага за една од претставките по обвинение за несоодветен третман при вршење на должноста, додека другата е за бруталност.

Во 15 случаи, подносителите на претставки побарале интервенција на Народниот правобранител за незаконски, непрофесионален и несоодветен однос со граѓаните, а два приговори се однесуваат на недолично полициско однесување за време на протестите, при шо едниот од нив завршил со кривична пријава, а другиот не можел да се спроведе бидејќи не можел да се идентификува сторителот. Во овој дел Стејт Депарментот заклучува дека иако има 51 претставка, тоа е знаително значително намалување во однос на пристигнатите 130 претставки во истиот период во 2020 година.

Затвори

И покрај физичките подобрувања во некои установи, затворот Идризово, во кој се сместени приближно 45 отсто од затворенците во земјата, е предmет на критiки во Изве[тајoт.

Се забележува дека се работи за дотраени објекти, сериозна пренатрупаност, при што некои затвореници се изложени на нехумани и понижувачки услови. Исто таа и распространетата корупција на затворскиот персонал се наведува како значаен проблем во затворскиот систем.

„Старата полуотворена единица на Идризово, која требаше да биде урната во 2018 година, сè уште функционираше во затворот до урнатините на поранешните работилници и приемна единица. Во однос на полуотвореното одделение, …„во моментот на посетата, имаше 91 затвореник сместени во 14 соби, од кои неколку беа сериозно пренатрупани; на пример, 16 лица во простор од 32 квадратни метри (345 квадратни стапки). Просториите беа во состојба на напредна расипување (распаднати ѕидови, скршени прозорски рамки и мебел, опасни импровизирани електрични инсталации, дупки на подот и таванот) и бедна хигиена (наезда од штетници, купишта несобрано ѓубре во ќелиите и влага). Комуналните санитарни јазли беа во лоша состојба со тоалетите на првиот кат кои испуштаа смрдеа и беа покриени со фекалии, чешми што капеа и инсталации за вода, поплавен под и без функционално вештачко осветлување…Условите во оваа единица, како и оние во Амбуланта, секако може да се опишат како нечовечки и понижувачки“,

се констатира во извештајот.

Исто така се забележува дека затворските власти „долго време ги држат затворениците без можност за движење -притворените лица п остануваат затворени во ќелиите повеќе од 23 часа дневно без никаква активност, освен 30-45 минути дневно во еден од двата дворови, кои сè уште не се опремени со опрема за вежбање. Поставената теретана со машини за кревање тегови и велосипеди за вежбање, е со крајно ограничена употреба и огромното мнозинство затвореници не се информирани за нејзиното постоење или дека може да пристапат до неа“.

Од останатите забелешки за затворите се и: лошо управување, ендемска корупција меѓу затворскиот персонал, насилство меѓу затворениците, несоодветна здравствена заштита, лоши животни услови (особено во затворот Идризово) и практика на именување директори на затвори и нивни заменици врз основа на политичка припадност.

Исто така се посочува и дека затворскиот систем продолжи се соочува со недостиг на финансии и недоволно кадар и дека повеќето полициски станици, установи за социјална заштита, засолништа и психијатриски установи опстојуваа лоши услови.

Фер судења

Во Извештајот се конататсира дека и судството и Јавното обвинителство се со недоволно финансии и со недоволно вработени.

Во однос на поплаки и жалби од граѓаните се посочува дека Судскиот совет примил 479 претставки од граѓани за проблеми во судските постапки- пристрасно или неетичко однесување, процедурални грешки, отповикувања и пречекорувања на роковите, а со 15 ноември лани, Судскиот совет нема примено никакви поплаки од судии за наводни закани или притисоци поврзани со случаи.

Народниот правобранител има регистрирано 187 претставки на граѓани кои се однесуваат на судскиот систем, од кои 133 се однесуваат на постапки пред судовите и 54 пред Јавното обвинителство, што претставува зголемување во споредба со 2020 година. Повеќето од претставките во врска со постапките пред судовите се однесуваат на наводно ускратување на правото на правично судење со повторени одложувања на судењето, судска пристрасност или недолично однесување, прекршување на постапка … По првичното разгледување на претставките, Народниот правобранител утврди дека мнозинството не заслужуваат дополнително разгледување. Во еден случај, Народниот правобранител констатирал повреда на правото на судење во разумен рок пред Управниот суд и го советувал судот да преземе мерки за исправка.

Повеќето од претставките кои се однесуваат на постапките пред Јавното обвинителство се наводни за долготрајни истраги, несоопштување на статусот на случаите до засегнатите страни и незадоволство од исходот на случајот. По разгледувањето на претставките, канцеларијата на омбудсманот утврди дека нема овластување да испита многу од наводите и честопати не можеше да идентификува каква било повреда на правата.

Се споменува и невладината организација „Сите за правично судење“ која објави аналитички извештај за работењето на Судскиот совет, според кој неколку судии укажале дека советот соодветно не ги застапува, промовира или брани нивните интереси или воопшто судската независност. Извештајот, исто така, се вели дека открива перцепција дека Судскиот совет е нетранспарентен, односно недостатокот на јавно достапно образложение за да се оправдаат одлуките на советот за именување, унапредување, дисциплинирање и разрешување судии.

Во овој дел од извештајот се споменува и разрешувањето пет судии од Врховниот суд, главно поради недолично однесување во врска со разгледување на случаите на поранешното Специјално обвинителство, како и дузина други апелациони и судии во основните судови поради несоодветно постапување со непрофесионално и несовесно судско работење.

За судењата оценката е дека беа генерално отворени за јавноста, а граѓаните се жалеле на недоволна граѓанска практика за спроведување.

Исто така се потенцира дека поради пандемијата ковид-19, судовите работеа со скратени распореди и чести доцнења предизвикани од странките, судиите и обвинителите кои беа позитивни на ковид или мораа во карантин поради контакти.

За граѓаните се контатсира дека имаа пристап до судовите да поднесат тужби за отштета за кршење на човековите права и да се жалат на негативните одлуки. Исто така поединци може да ги обжалат случаите кои вклучуваат наводни државни прекршувања до Европскиот суд за човекови права откако ќе ги исцрпат сите домашни правни опции.

Заклучокот е дека Владата генерално ги почитуваше граѓанските одлуки на домашните судови.

Заплена и враќање на имотот

Владата не ги иселуваше лицата од нивните места на живеење, ниту им го заплени имотот без соодветна постапка.

Народниот правобранител примил 28 претставки за денационализација на имотот запленет од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во споредба со 14 во истиот период во 2020 година (27 на крајот на годината). Народниот правобранител забележа дека има големи тешкотии и процедурални превиди во случаите за денационализација и тоа го припиша на многу одложувања на слабата работа на комисијата за денационализација на Министерството за финансии, како и на неефикасната соработка со Управниот суд и другите владини агенции.

Се споменува и случајот со членовите на 36 семејства во Охрид неколкупати протестираа во текот на годината, вклучително и во јуни, тврдејќи дека властите не успеале соодветно да ги обесштетат земјишните парцели национализирани од државата во 1957 година.

Слобода на изразување и слобода на медиуми

Според Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) одговорот на органите на прогонот и на судските органи на случаите на насилство од трето лице и заплашување на новинари бил бавен и неефикасен.

Според Извештајот заклучно со 20 септември, Скопското јавно обвинителство разгледа 17 кривични пријави за закани и физички или онлајн напади врз новинари. Обвинителите утврдија дека три од тие претставки заслужуваат дополнителни обвинителски истраги, а три се упатени до Министерството за внатрешни работи поради квалификување како прекршоци. За останатите 11 нема доволно докази за кривично дело.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и други активисти за човекови права и слобода на медиумите пријавиле зголемување на случаи на говор на омраза. Меѓу нив се навредите и омаловажувањето на лекарите, искажани за време на протестите против вакцинацијата на 15 август во Скопје, а ЗНМ преку соопштение ги осуди вулгарните пораки и навреди кон медиумските екипи кои известуваа за протестите.

„Заклучно со 20 септември, Јавното обвинителство Скопје разгледа осум кривични пријави во кои се наведува декасе работ за ширење расистички и/или ксенофобични материјали преку компјутерски систем според кривичниот законик. Обвинителите отфрлија три од случаите и наредија дополнителни истраги за преостанатите пет“,

се констатира во Извештајот.

Стејт Департментот констатира дека медиумите и известувањата во голема мерка се поделени по политички линии, но се зголемува и бројот на независни медиуми кои активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања.

Се констатира дека иако рекламирањето на централната власт на комерцијалните канали е забрането, рекламирањето на локалната власт е дозволено, а државата продолжи да ги субвенционира печатените медиуми. Исто така буџетски средства се доделени на медиумите за да се ублажи влијанието на ковид-19,  државата субвенционираше платени политички реклами во комерцијалните медиуми за кампањата што води за локалните избори на 17 октомври.

Во однос на пријави од медиуми се споменува случајот со ТВ Алфа, за која Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение за даночно затајување, за што ТВ Алфа се пожалила на притисок од финансиската полиција за истрага на финансиското и програмското работење на станицата во 2019 и 2020 година и од инспекторите на Министерството за внатрешни работи за проверка на комерцијалното работење за периодот 2013-2020 година.

Во текот на минатата година се констатира дека имаше случаи на физичко насилство, наводни закани и малтретирање на новинари и тука се посочуваат два случаи на напади -врз снимател на државната новинска агенција МИА од страна на демонстрантите кои присуствуваа на протестот на 26 февруари против судските пресуди во судскиот процес „Монструм“ и другиот случај се однесуваше на повторени закани за смрт и силување од страна на лице идентификувано како Арбен Есати на Фејсбук во март против неколку локални новинари од Тетово. До ЗНМ пристигнале дополнителни 20 поплаки од новинари поврзани со навреди добиени додека биле на должност, несоодветно однесување на функционери од централна и локална власт или членови на политички партии, како и недостаток на институционална транспарентност.

Во текот на годината, Апелација Скопје ја потврди пресудата на скопскиот Кривичен суд со која двајца обвинети беа осудени на по една година и два месеци, а друг обвинет на тригодишна затворска казна за учество во насилна толпа што нападна и тешко повреди телевизиски снимател, меѓу другите, за време на протестите.

Исто така се споменува и случајот на Тања Милевска, дописник на државната новинска агенција МИА од Брисел, која доби закани со смрт и силување од анонимни корисници на Твитер и Фејсбук, кои ги пријавила во полиција во декември 2020 година и повторно на 23 август.

Во однос на слободата на интернет, се заклучува дека Владата не го ограничува или нарушува пристапот до интернет нитуцензурира онлајн содржини, а нема веродостојни извештаи дека Владата ги следела приватните онлајн комуникации без соодветно законско овластување.

Нема ниту владини ограничувања за академската слобода или културните настани.

Корупција и недостаток на транспарентност во Владата

Во делот кој го третира прашањето на корупција и недоволна транспарентност на власта, се наведува дека Владата генерално го спроведуваше законот, но имаше извештаи за функционери вклучени во корупција.

„Невладините организации изјавија дека доминантната улога на Владата во економијата создава можности за корупција. Владата беше најголемиот работодавач во земјата. Според министерот за информации, општество и администрација, на крајот на декември 2020 година во јавниот сектор имало 131 183 вработени лица. Претходно, некои поединци на платниот список на владата не се наоѓаа на соодветни позиции во администрацијата. На 19 јануари, Владата усвои план за распоредување на 1 349 државни службеници платени од Министерството за политички системи и односи со заедниците – кои во тоа време не работеле на реална позиција – на конкретни работни места во 237 владини институции. Владата на 27 април го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, затоа што одбил да ја спроведе владината одлука за распоредување на 35 државни службеници во неговата институција“,

се вели во извештајот.

Во извештајот се посочува и изјава на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси (ДКСК), Билјана Ивановска дека и покрај зголемената перцепција за корупција во судството, само 20 отсто од претставките поднесени до ДКСК го вклучи судството, што укажува на јаз меѓу перцепцијата и искуството.

И како посебен пример се споменуваат случаите на ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски и на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

„Рашковски е уапсен по истрагата за измама за набавка на софтвер за следење на сообраќајот за МВР. Рашковски поднесе оставка на 12 април и беше во домашен притвор. Обинитлстотоподигна обвинение против Рашковски и шест други за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари за местење јавни набавки на четири софтверски решенија во периодот од 2017 до 2021 година и за извршување финансиски трансакции со цел да се сокријат приходите од криминал“,

се вели во Извештајот.

За Јанева се наведува дка на 23 јули, затворската полиција ја префрли од домашен притвор во затворот „Идризово“ во Скопје, по одлуката на скопска Апелација да ја потврди нејзината пресуда од 2019 година во случајот „Рекет“.

„Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во времето кога беше специјална обвинителка и беше задолжена да гони високата корупција. Главниот обвинет во судскиот процес ‘Рекет’, Бојан Јовановски (познат како Боки 13), беше префрлен во затвор на отслужување на деветгодишната затворска казна на 22 јули“,се вели во извештајот.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За 10 години ќе сакаат да…

Соломон Паси, поранешен министер за надворешни работи…

Ова се топ пет дејности со најниски…

Најниската плата во земјава изнесува 17.790 денари…

Џамбаски до Македонците: Ако вечерва го смените…

Претпоставувам дека премиерот ќе продолжи да бара…

Ладен туш од бугарското Собрание: Нема тргање…

Советот на министри (Владата) не се подготвува…

Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски…

Во посета на македонското древно светилиште „Свети…