Објавено на:

Шамар од Радев и Јотова: САД и ЕУ го разбираат бугарското вето за Македонија

t

Шефот на бугарската држава Румен Радев рече дека за време на сите негови средби и разговори со партнерите во Европа и САД, одржани изминативе денови, а и пред тоа, се залагал за ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Република Македонија.

„Постојано изјавував дека секаде ја бранам бугарската позиција и таа добива се повеќе разбирање. Исклучително е важно да се има комуникација со сите лидери на ЕУ, со нашите стратешки партнери од САД, со сите европски институции со цел да се најдете јасно одржливо и неповратно решение“, рекол Радев одговарајќи на новинарско прашање, пренесува „БНР“.

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова изразила разочарување од резолуцијата на Европскиот парламент усвоена денеска, со која се бара почеток на преговорите со Република Македонија и Албанија за нивно пристапување во Европската Унија. Според Јотова, во документот недостасува значителен амандман предложен од бугарските европратеници, чија цел била да се заштитат правата на Бугарите во Македонија.

„Кога се работи за притисок, нека биде за земјата која сака да влезе во ЕУ, а не за земјата која толку години е дел од унијата. Во вчерашната изјава на Високиот Претставникот за надворешни работи, г-дин Жозеп Борел, ѝ рече на ЕУ дека ќе се направат сите напори да се изврши притисок врз нашата земја и ова е изјава што јас лично ја сметам за неприфатлива“, додала таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе преземе ли некој нешто?! Никнува нов…

На 7 октомври во Охрид ќе се…

Егзодус на работна сила: Намален бројот на…

Бројот на работниците во индустријата во периодот…

Пендаровски на средба со албански пратеници: Односите…

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на…

“Најмногу не сакаат”: Од земјите од регионот…

Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди…

Ни колку на попис ги нема, а…

Вкупно 181 граѓанин на Македонија се пријавени…