Шарл Мишел: Ова не е земи или остави ситуација
Многу е важно да бидеме смирени и сталожени и да дозволиме политичка дебата. Како Ваш пријател, се надевам дека нема да ја пропуштите оваа можност да направите чекор кон иднината, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во дневникот на Сител ТВ.
Тој наведе дека во име на 27-те земји членки треба да објасни што е суштината на овој предлог.
– Пред неколку дена ние успеавме, се покажа политичката волја од страна на ЕУ да ставиме на маса една понуда. Не го гледам ова како перфектен предлог, меѓутоа на европско ниво ние не можеме да правиме импровизации. Никој не може да добие 100 посто од тоа што сака да го добие од европска страна, рече Мишел.
Тој потенцира дека протоколот не е ставен во преговарачката рамка, а за тоа дека го почитуваат македонскиот јазик, како што рече, говори и самиот факт како многу важен сигнал дека целата европска легислатива ќе биде преведна на македонски јазик. Претседателот на ЕС Мишел, како што рече, има впечаток дека има дезинформации, што се шират за самиот договор, а има и експерти кои појаснуваат дека јазикот би бил ставен во опасност, меѓутоа тоа не е случај, напротив
– Ова не е земи или остави ситуација затоа што предлогот е основа и не е финална верзија. Треба внимателно да ги слушнеме предлозите на властите и искрено се надевам дека ќе има позитивна одлука и ова е единствена можност и верувам дека ако има одлука што нема да биде „да“ ќе чекаме уште многу долго за да дојдеме до друг нов предлог, истакна претседателот на ЕС, Шарл Мишел, во Тема на денот во дневникот на Сител.
Се сомневам, додаде, дека некој иден предлог би бил многу различен од овој.
– Токму поради таа причина верувам дека времето е сега, а тоа ќе биде одговорност на властите, на граѓаните на Македонија. Ние секогаш го почитуваме изборот на граѓаните на Република Македонија, меѓутоа и политичките носителите исто така треба да донесат важни одлуки, порача Мишел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…
Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…
Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…
Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…
Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…
Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Русија предупредува на обид за дестабилизација на…
Министерството за надворешни работи на Русија издаде…