Шаќири се правда, ама сигурно и не знае: Техничка грешка е дека збирот на агли во триаголник е 190

t

Техничка е грешката во учебникот по математика за шесто одделение кој покажува дека збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени. Вака денес објасни министерот за образование Јетон Шаќири и рече дека побарал објаснување од авторите и рецензентите на учебникот за тоа како се случила техничката грешка.

„Што се однесува за таа забелешка за предметот математика за шесто одделение, почитуваните автори имаат техничка грешка, без разлика што ако се гледа целосно задачата има и неколку решенија странично од задачата. Јас официјално побарав забелешки, зошто се работи за универзитетски професори, тие кои се вклучени. Кога тие ќе достават објаснување зошто е направена таа техничка грешка или решение на тие проблематики, веднаш ќе доставиме и до јавноста и исто така до наставниците или просветните работници“, рече министерот Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања денес на официјалното затворање на проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од Европската Унија.

Министерот Шаќири се обиде да ги оправда авторите и рецензентите на учебникот. Рече дека технички грешки имало и порано во учебниците, кога тој бил ученик.

„Има една изрека која вели дека и на најдобриот професор-математичар, студент му има најдено грешка во учебникот по математика. Вака како што забележуваме технички, имавме претходно содржински грешки. Мојот повик до сите тие рецензенти, до сите тие универзитетски професори, вие може да ги проверите кои се тие, ќе биде да побарам што повеќе да се внимателни“, рече министерот Шаќири.

На учебникот се потпишани тројца автори и тројца рецензенти. Автори се Крутан Расими, Валентина Гоговска и Снежана Ристовска, а рецензенти се Слаѓана Брсакоска. Шестмината не забележале дека во графичкиот приказ на триаголник, на 162 страница, во задачите за вежбање, ако се соберат прикажаните агли се добива 190 место 180 степени, колку што изнесува збирот на внатрешните агли во триаголник.

За грешката на социјалните мрежи алармираше професорката во скопското средно училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, Фросина Митрушева. Таа објави дека без разлика кој бил на власт, збирот на аглите во триаголник секогаш досега бил 180.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…