Објавено на:

Швајцарија по неколку века ја погази својата воена неутралност

t

Неутралната Швајцарија ги усвои санкциите на ЕУ против Русите вклучени во инвазијата на Украина и ќе ги замрзне нивните средства, соопшти владата во понеделникот.

Ова е нагло отстапување од традиционалната неутралност на алпската земја, пишува Ројтерс.

Во врска со руската воена агресија врз Украина, Швајцарија на 28 февруари одлучи да ги одобри пакетите санкции воведени од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на владата.

Швајцарија, исто така, воведе финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кои стапија на сила веднаш.

„Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ. Ќе достави хуманитарна помош за луѓето кои побегнаа во Полска“, соопшти владата.

Швајцарскиот претседател Игнасио Касис во неделата рече дека е „многу веројатно“ Швајцарија да ја следи линијата на ЕУ.

Швајцарија помина долг пат помеѓу демонстрирањето солидарност со Западот поради сериозното кршење на меѓународното право од страна на Москва и одржувањето на својата традиционална неутралност, за која вели дека може да ја направи потенцијален посредник. Но, таа беше под зголемен притисок да застане на страната на Западот против Москва и да усвои казнени санкции против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме…

ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ…

Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани…

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Се пишмани шефицата на американското разузнавање: Иран…

Ситуацијата на глобално ниво станува сè понапната!…

Tрагедија во Скопје: Двајца најдени мртви во…

Црн ден за главниот град – во…