Објавено на:

Шведска европратеничка си ја исече косата на говорницата во ЕП во знак на солидарност со Иранките

t

Сè додека Иран не е слободен, нашиот гнев ќе биде посилен од гневот на оние што вршат репресија. Сè додека Иранките не се слободни, ние ќе бидеме со вас“, рече шведската европратеничка со ирачко потекло и си ја исече косата на говорницата во Европскиот парламент.

Шведската европратеничка Абир ел Сахани, која e родена во Ирак, си ја отсече косата на говорницата на Европскиот парламент во знак на солидарност со антивладините демонстрации во Иран, кои започнаа по смртта на Махса Амини (22) која почина откако беше притворена од т.н. морална полиција.

„Сè додека Иран не е слободен, нашиот гнев ќе биде посилен од гневот на оние кои вршат репресија. Сè додека Иранките не се слободни, ние ќе бидеме со вас“, рече Сахани од говорницата на парламентот во Стразбур.

Таа потоа ги зеде ножиците, на курдски рече „жени, живот, слобода“ и ја отсече косата врзана во опавче.

Откако ја исече косата, Сахани на Твитер напиша оти Европската Унија треба да покаже храброст и да им даде целосна поддршка на жените во Иран.

„Традицијата на сечење на косата во знак на протест е стара илјадници години. Тоа покажува дека гневот е посилен од моќта на угнетувачот. На жените во Иран им е доста. ЕУ треба да ја покаже истата храброст и да им даде целосна поддршка“, стои во објавата на Сахани на Твитер.

Познати француски актерки, меѓу кои и Жулиет Бинош и Изабел Ипер, исто така, си ја отсекоа косата во знак на протест поради смртта на Амини, којашто беше уапсена од т.н. морална полиција во Техеран на 13 септември поради несоодветното носење хиџаб.

По нејзината смрт, иранските верски водачи се соочија со протести низ целата земја, а демонстрации се одржаа и во Лондон, Париз, Рим и Мадрид во знак на солидарност со иранските демонстранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Да не го мислите: Додека го…

Ленин Јовановски, претседателот на "Слобода превоз" кој…

Ковачевски “згрме”: Нема да трпам директори кои…

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека не…

Блерим Беџети ги подбра министрите на ДУИ:…

Градоначалникот на Сарај и организациски секретар на…

Функционер на Алијанса контра ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ:…

Поранешниот директор на Државниот инспекторат за шумарство…

Поранешен бугарски МВР: Бугарија направи решителен чекор…

Бугарскиот министер за одбрана Димитр Стојанов направи…