Шевченко бара поголема меѓународна помош за Украина

Еден од најдобрите украински фудбалери на сите времиња Андриј Шевченко повика денеска на испраќање поголема странска помош за жртвите на руската инвазија на неговата татковина.
Поранешниот украински репрезентативец и селектор рече дека УЕФА и ФИФА донеле вистинска одлука со исфрлувањето на Русија од меѓународните натпреварувања, иако спортот сега е последната работа на која мисли во овој момент.
– Имаме бегалци, потребна ни е хуманитарна помош. Потребна ни е медицинска помош, помош во храна …, порача Шевченко.
– Фудбалот веќе не постои за мене. Не размислувам за него. Не е време за тоа … Од моментот кога се будам фокусиран сум само на тоа како можам да и помогнам на својата земја и што можам да направам, додаде легендарниот украински фудбалер и тренер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците…
Се чини дека возбудливата љубовна приказна на…
Ништо од единството: Ситуацијата во Украина ги…
Британски весник: Ситуацијата во Украина го подели…
Русите гневни: Украина го ганатира Белгород, има…
Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени…
Зголемен извоз на жито од Украина годинава
Украина извезла за 8 отсто повеќе жито…
Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда евра помош…
Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка…