Шекеринска нема да биде амбасадор во НАТО

t

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава.

– Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“, каде направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот.

Според неа, Македонија има одличен амбасадор во НАТО, кој е таму повеќе од една година и смета дека тоа е една од позициите каде гладаме колку е важно добри луѓе да бидат на вистински места, особено заради тоа што допрва го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е, истакна таа, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, како што рече, го засилуваме.

Прашана од новинарите дали и со кои предизвици се соочува Македонија во 2022 година и дали може да има влијание од политичко-безбедносен аспект она што се случува меѓу Косово и Србија и во Босна и Херцеговина, Шекеринска оцени дека и и натаму ќе имаме предизвици типични за нашиот регион и ќе страдаме од ризиците и предизвиците со кои се соочува светот.

– Геополитичката ситуација во последниот период е прилично непредвидлива и затоа како членка на НАТО ги поздравивме некои позитивни први сигнали на почетокот на годината како резултат на директните разговори помеѓу САД и Русија, како резултат на штотуку закажаната средба помеѓу НАТО и Русија и се надеваме и ќе работиме на намалување на тензиите и решавање на некои од отворените прашања, изјави министерката за одбрана.

Додаде дека целта на Алијансата е стабилна, безбедна и просперитетна евроатлантска област.

Потсети меѓу другото дека изминатата година првпат испративме наши армиски структури како дел од КФОР во Косово, со цел да испратиме порака дека сме заинтересирани за постабилен регион. Шекеринска информира дека од Собранието е добиено зелено светло за да се зголеми нашето учество во ЕУ мисијата Алтеа во БиХ, како наш влог во безбедноста на нашиот регион.

– Македонија е лекција за многу држави во регионот дека со политичка волја можат да се решаваат и најтешките проблеми, изјави Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…

(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…

Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…

Вучиќ: Србија не сака да влезе во…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…

(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…

Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…