Објавено на:

Шест натпревари без публика – Шкендија ја доби казната за скандалозното однесување на навивачите против Брера!

t

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа. ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.

Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето. Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест натпревари без публика – Шкендија ја…

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе…

Се огласија од Шкендија: Длабока жал за…

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе…

ФФМ се огласи за скандалот во Тетово:…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи соопштение…

“Балистите“ од „улица“ ја бодрат Шкендија

Навивачите на Шкендија на денешниот меч со…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…