Шест случаи на мајмунски сипаници во Словенија
Досега во Словенија се потврдени шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници, а сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми.
Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега.
На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА.
Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и генерално не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија е регистриран на 24 мај, кај маж кој допатувал од Канарските острови.
Светската здравствена организација (СЗО) досега потврдила 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија од полноќ губи нешто повеќе од…
Од 1 јануари Унгарија трајно ќе го…
(Видео) Сиљановска-Давкова: Посакувам 2025-та година да биде…
„Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско…
Илон Маск: Зеленски, ти си најголемиот шампион…
Сопственикот на социјалната мрежа X, Tesla и…
Новогодишна честитка на ССМ: Работната недела да…
Градење на системско решение и обезбедување на…
Новогодишна честитка на Путин до Русите: „Се’…
Рускиот претседател, Владимир Путин, го повика населението…