Објавено на:

Шефот на Светската Трговска Организација: Може да дочекаме бунтови поради недостаток на храна

t

Војната во Украина и санкциите против Русија ги зголемуваат глобалните цени на храната, бидејќи црноморските пристаништа што се користат за извоз на жито остануваат блокирани.

Ситуацијата може да доведе до глад и бунт за храна во сиромашните земји, каде безбедноста на храната зависи од увозот, изјави во четвртокот за Гардијан шефот на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо-Ивеала.

„Мислам дека треба да бидеме многу загрижени. Влијанието врз цените на храната и гладот оваа и следната година може да биде значително. Храната и енергијата се двете најголеми ставки во потрошувачката кошничка на сиромашните луѓе ширум светот“, рече Оконџо-Ивеала, додавајќи дека „најмногу ќе страдаат сиромашните земји и сиромашните луѓе во сиромашните земји“.

Западните држави треба да ги подготват своите народи за долгорочен пад на животниот стандард доколку продолжи нивниот судир со Русија, изјави поранешниот помошник началник на Генералштабот на одбраната на Велика Британија, Џонатан Шо.

„Ние на Запад имаме погрешен менталитет“ за конфликтот во Украина, рече тој. Некогаш еден од највисоките офицери на британската армија, Шо зборуваше на радио станицата LBC во саботата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица повредени во сообраќајка кај Муртино:…

Три лица се повредени во сообраќајка која…

(Видео) Големи експлозии во воздухопловна база на…

Експлозии од големи размери и детонации со…

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…

Апасиев: Шупаци корумпирани! Наместо да му ги…

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има…

Вејсели: ДУИ ќе се распадне на три-четири…

Поранешниот пратеник и поранешен лидер на ПДП,…