Објавено на:

Шефот на украинското разузнавање: Ќе си ги вратиме Донбас и Крим

t

Во средината на август војната против Русија ќе достигне пресврт. Ова во интервју во „Скај Њуз“ го вели шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Според него, најголем дел од активните борбедни акции ќе завршат до крајот на годината. Тој е оптимист дека Украина ќе си ги врати сите изгубени териотирии вклучувајќи ги Донбас и Крим. Според украинскиот генерал, рускиот претседател Владимир Путин е во лоша психолошка и физичка состојба и вели дека тој е многу болен, а една од болестите на Путин, според Буданов – е и рак.

„Ние веќе долго време зборуваме дека руската армија, која Русија се обидува да ја промовира во различни видеа за обука, не постои. Тоа е орда луѓе со оружје. Тоа е сè што имаат“, изјави Кирило Буданов, шеф на укреинско воено разузнавање (украински)


Во меѓувреме, генералштабот на вооружените сили на Украина утрово објави дека Русија ги повлекува војниците од Харков, додавајќи дека најголема активност на руските сили се забележува во правците Слободанск и Доњецк. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека под власт на Киев се вратени над 1.000 населени места.

„Продолжуваме со обновување на деокупираните територии на Украина. Од денеска веќе деокупиравме 1.015 населени места, вклучително и шест во изминатите 24 часа. Таму ги обновуваме електричната енергија, водоснабдувањето, комуникацијата, транспортот и социјалните услуги“, изјави Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците…

Се чини дека возбудливата љубовна приказна на…

Ништо од единството: Ситуацијата во Украина ги…

Британски весник: Ситуацијата во Украина го подели…

Русите гневни: Украина го ганатира Белгород, има…

Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени…

Зголемен извоз на жито од Украина годинава

Украина извезла за 8 отсто повеќе жито…

Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда евра помош…

Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка…