Објавено на:

Шефот на Хезболах е јасен: Ние сме целосно подготвени!

t

Сите сме подготвени! Кога ќе дојде време за акција, тоа ќе го преземеме – изјави заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем, на пропалестинскиот митинг во јужните предградија на Бејрут.

Хезболах, рече тој, „ќе внимава“ на американските воени бродови испратени во Средоземното Море во близина на Израел со цел да ја одвратат либанската милитантна група да го нападне Израел додека се бори против Хамас во Газа.

– Не нè интересираат вашите борбени бродови! Вашите изјави не се застрашувачки – рече Касем на митингот.

Вчера израелската армија испратила резервисти во градовите на границата со Либан, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на ИД.

– Израелските одбранбени сили објавија дека распоредиле резервисти во градовите на либанската граница за генерално засилување на војниците на северот на Израел – пишува весникот.

Западните земји, вклучително и САД, го сметаат Хезболах за терористичка организација. Иранската национална гарда го создаде Хезболах во 1982 година за да ја „извезе“ Исламската револуција и да се бори против израелските сили кои го нападнаа Либан.

Хезболах може да се пофали со прецизни ракети кои можат да ги погодат сите делови на Израел. Водачот на Хезболах Саид Хасан Насрала во 2021 година изјави дека групата има 100.000 борци, а САД проценуваат дека Иран им испраќа стотици милиони долари годишно.

Хезболах има длабоки врски со други милитантни групи поддржани од Иран во регионот, вклучувајќи ги палестинските фракции Хамас и Исламскиот џихад.

Откако Хамас изврши голем напад врз Израел во саботата, Хезболах изјави дека се „во директен контакт со раководството на палестинскиот отпор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„YouTube“ воведува нова функција: Ова ќе израдува…

„YouTube“ воведува нова функција наречена „Play Something“…

Што предвидел Нострадамус за 2025 година?

Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам,…

Масовна тепачка на дочекот на кој настапи…

За време на новогодишната ноќ, Белград беше…

,,Курск е многу силен адут во какви…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…

Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…

Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…