Објавено на:

Шехбаз Шариф избран за нов премиер на Пакистан

t

Парламентот на Пакистан денеска го избра Шехбаз Шариф за нов премиер, откако пред една седмица му беше изгласана недоверба на дотогашниот претседател на Владата Имран Кан.

Шехбаз Шариф беше фаворит за победа по еднонеделната уставна криза во земјата. Тој е помлад брат на поранешниот премиер на земјата Наваз Шариф, кој трипати ја извршуваше оваа улога.

Шехбаз Шариф го предводеше здруженото опозициско движење заради соборување од власт на Кан, кој пак тврдеше дека Вашингтон сакал да го собори од власт. САД ги отфрли наводите на Кан, јави ДПА.

Откако неговиот противкандидат- поранешен министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши, не беше избран за премиер, членови на партијата Техрик-е-Инсааф (PTI) на Имран Кан, поднесоа оставки во Парламентот и најавија улични протести. Дополнително ќе се утврди датум за одржување избори за да се пополнат испразнетите пратенички места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет девојчиња биле допирани по телото од…

Малолетнички биле допирани по телото на плоштадот…

Карактеристики на нарцистички политичар кој избегнува одговорност…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски: Нарцистички…

Пожар во зграда во Струга, оштетени повеќе…

На 21.03.2025 во 16.05  часот, во ОВР…

Трансплантација на кожа добија шест пациенти од…

На Универзитетската клиника за хируршки болести во…

ЗА ШТО ДА МОЛЧАМ?! Молчењето го креираше…

*Објава на Фејсбук на Игор Смилев: За…