ШКОЛСКА КЛУПА ЗА ВЈОСА, ФОТЕЛЈА ЗА ВУЧИЌ; Макрон ги пречека своите гости на драстично различни начини

За разлика од приемот на Османи, Макрон му посвети цел час на српскиот претседател Александар Вучиќ пречекувајќи го на терасата на неговиот хотел Ирвин Вашингтон во палатата Алхамбра.
На клупа која повеќе потсеќа на дел од училиште, францускиот претседател Емануел Макрон ја прими косовска премиерка Вјоса Османи, коментираат српските медиуми. Несоодветниот прием го коментираше и албанскиот новинар Фитим Чеку кој споделувајќи фотографија напиша: „Зошто се случува ова?“
Од друга страна, Макрон му посвети цел час на српскиот претседател Александар Вучиќ пречекувајќи го на терасата на неговиот хотел Ирвин Вашингтон во палатата Алхамбра. Вучиќ со Макрон заедно ја следеле културно-уметничката програма организирана од европските лидери.
„На крајот од долгиот ден, отворен и суштински разговор со претседателот Емануел Макрон за сите важни прашања. Му се заблагодарив на претседателот Макрон за неговата подготвеност да ги слушне ставовите на Белград, како и за неговиот личен ангажман во регионот на Западен Балкан“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи по средбата.
Во петокот премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека Вучиќ на самитот во Гранада ја отстранил опасноста за воведување на санкции кон Србија. Таа рече и дека притисоците кон Белград се огромни и дека Приштина е во дипломатска офанзива.
Самитот на Европската политичка заедница во моментов се одржува во Гранада во Шпанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија загуби милијарда евра: Го загуби правото…
Унгарија го загуби правото на помош од…
Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…
Груевски со новогодишна честитка: „Не е важно…
Денес е добар ден, кратко барем на…
Преседан во Јужна Кореја: Судот одобри апсење…
Судот во Сеул го одобри апсењето на…
Контроли на новогодишната ноќ и низ затворите,…
Полицијата во изминатите два дена регистрираше неколку…