Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено обвинението против силувачите на 5-годишното девојче

t

Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот акт против петмината осомничени, Е.Р. и Ш.К, како и против тројца малолетници вмешани во силување на 11-годишно девојче во август минатата година.

Одлуката ја донел судијата Аднан Исуфи, наведувајќи дека обвинението, односно предлогот во шест точки е нецелосен, објави „Рeпортери“, повикувајќи се на „Заклетвата за правда“.

Во одлуката се наведува дека судот при разгледување на обвинителниот акт е ограничен да не го прејудицира завршувањето на кривичната постапка.-Иако судењето се уште не е започнато, судот не може да оцени дали фактичката состојба е целосно докажана и несомнено врз основа на доказите, бидејќи со тоа целосно ќе се наштети на завршувањето на судењето, се наведува во одлуката.

Се додава дека обвинителниот акт или предлогот во наведените точки не е доволно јасен, збунувачки, а фактичкиот опис јасно не соодветствува со правната квалификација на кривичните дела и дека е неприфатливо да се подигне обвинителен акт како би се испитал случајот во текот на судскиот процес.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шок од косовски политичар: Во европскиот план…

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир…

Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…

Српска листа соопшти дека одлуката да не…

Голем удар за Србија: Блинкен вели пет…

Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека…

Курти ги покани Србите во Косово да…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите…

Србите џабе се бунат: Крајната цел на…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска разговараше…