Објавено на:

ШОК за Русија: Украина тврди дека е ранет Валериј Герасимов, врховниот командант на армијата

t

Валери Герасимов, врховен командант на руската армија, наводно бил ранет во Украина.

Веста за наводното ранување ја објави германски Билд, повикувајќи се на украински медиуми и официјални претставници. Информациите засега не се потврдени. Сепак повеќе медиуми јавуват дека Герасимов (66) наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.

Повредите, пишува „Дејли Мејл“, се случиле вчера во близина на Изум. Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени офицери.

Герашченко не пишува за ранувањето на Герасимов, но вели дека се знае дека бил таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски јавно ѝ се заблагодари на Македонија…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски преку објава на…

Со дронови гранатиран родниот град на Володимир…

Нападот на јужниот украински град во кој…

Русија ќе се развива и нема да…

Расизмот на Запад никаде не исчезна, затоа…

Земјите членки на ЕУ координирано ги повикуваат…

Земјите членки на Европската Унија денеска координирано…

(Видео) Мобилизираните руски регрути учат да пукаат…

Мобилизираните граѓани поминуваат обука за модерна борбена…