Објавено на:

Шолц: Нема враќање на економијата на пред рускиот напад

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот на Групата седум најбогати демократии (Г-7) изјави дека нема да има враќање на времето од пред нападот на Русија врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.

– Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се смениме и ние – рече Шолц во изјава за една германска телевизија на крајот од вториот ден од самитот на Г-7 што се одржува на Баварските Алпи, пренесуваат британските медиуми.

Шолц, кој е домаќин на самитот, рече дека лидерите на Г-7 денеска имале конструктивни разговори со претставници на земјите во посета – Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина – кои ги нарече „демократии на иднината“.

– Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Со слушање се воспоставува меѓусебно разбирање и на тој начин ја олеснува нашата работа – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина одби да прими стари тенкови Леопард…

Како што наведе Дер Шпигел, Киев не…

Бербок: На многу Германци не им е…

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок…

Целосно изгоре босански автобус кој одеше кон…

Се запали и целосно изгоре автобус на…

Германија е разочарана од неуспехот на преговорите…

Портпаролот на Сојузната влада на Германија, Штефен…

За Бербок кинескиот претседател е диктатор…

Кинескиот претседател Си Џинпинг е „диктатор“ за…