Објавено на:

Шолц повика на смиреност: Игнорирајте повици за остри реакции, последиците може да бидат драматични

t

НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

На прашањето зошто мисли дека испораката на германски тенкови за Украина може да доведе до нуклеарна војна, Шолц во изјава за „Шпигел” рече дека „не постои правило за да се одреди кога Германија може да се смета за воина страна во војната во Украина” и затоа е многу важно секој чекор внимателно да е разгледан.

Шолц ја истакна важноста членките на НАТО да соработуваат тесно и да игнорираат прекумерни повици за остри реакции, бидејќи последиците од погрешното постапување може да бидат драматични.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина од Србите се против…

Повеќе од половина од српските граѓани кои…

НАТО ги обедини опозицијата и власта: Со…

Собранието денеска на 82. седница со 103…

Апасиев: НАТО води кон тоталитаризам, не кон…

НАТО води кон тоталитаризам наместо кон демократија,…

Ќе има ли кворум? По вчерашниот “амин”…

Собранието денес со почеток во 12 часот,…

Власта и опозицијата заеднички го поддржаа членството…

На собраниската Комисија за надворешна политика денеска…