Објавено на:

Шолц: Санкциите ни штетат и нам, но се правилен потек

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин ќе испраќа оружје во Украина сè додека е тоа потребно.

Тој рече дека неговото патување во Киев минатата недела и неговата средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски јасно покажале дека Украина ѝ припаѓа на Европа.

„Западот не прифаќа насилен напад врз Украина“, рече тој во говорот пред Германската индустриска асоцијација додавајќи дека поради тоа Украина е многу снабдена со оружје и се воведуваат санкции кон Русија.

„Овие санкции функционираат. Да, овие санкции и нам ни нанесуваат штета. Тие им штетат на нашите компании, но се правилен потег“, рече тој.

Шолц заклучи дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со испраќање оружје сè додека на земјата ѝ е потребна поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

Шојгу: Пропадна митот за западното “супер оружје”…

Западниот мит за „супероружје“ е уништен, изјави…

Путин: Русија високо ги цени своите сојузници…

Русија високо ги цени своите сојузници и…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

И Германија не е тоа што беше:…

Германија најави воведување данок од 2,4 центи…