Објавено на:

Шолц со пофалби за политиката на Меркел: Мирен соживот никогаш не може да биде погрешно

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката на неговата претходничка Ангела Меркел кон Русија, пишува германскиот весник „Велт“.

„Политиката на мирен соживот никогаш не може да биде погрешна“, рече политичарот, но како грешка ја оцени енергетската политика, односно поврзаноста на енергетските резерви со Русија.

Шолц спомена и дека ја поддржува одлуката на Меркел кога таа се спротивстави на влезот на Украина во НАТО.

„Секоја земја што сака да стане членка мора да ги исполни критериумите за влез во НАТО. Влезот на Украина во блокот не беше на дневен ред“, нагласи тој.

Претходно, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека ја смета за точна одлуката што ја донела пред четири години, кога реагираше негативно на идејата за влез на Украина во НАТО, бидејќи слична акција би предизвикала конфликт со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската полиција заплени 2.100 фалсификувани часовници кои…

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници биле…

Ковачевски-Штајнмајер: Германија сака да ја види Македонија…

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар…

Германски медиуми: Германија има муниција за неколку…

Германската армија има многу малку муниција. Според…

Германскиот претседател Штајнмајер доаѓа во Македонија

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер доаѓа во дводневна…

Од сите страни сардисани: Германија ја повика…

Германија ја повика Србија да направи избор…