Шолц убедува: Во германски интерес е останатиот дел од Балканот да стане дел од ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нагласи дека е во интерес на Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија.
Говорејќи во Парламентот пред еднодневниот самит на 27-члената Унија во Брисел, Шолц го поздрави оживувањето на разговорите за пристап во ЕУ со шесте земји од Западен Балкан во последните месеци и вчерашната одлука да и се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина.
Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската Унија, рече тој пред пратениците во Берлин.
Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи на Хрватска да се приклучи на Шенген зоната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…
По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…
ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…
Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…