Шолц: Ќе ѝ помагаме на Украина колку и да биде потребно, нејзината борба е и наша

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека Германија ќе ѝ помага на Украина „колку и да биде потребно“ на вчерашната свеченост, каде украинскиот боксер Владимир Кличко ја прими медиумската награда во име на украинскиот народ.

– Помагаме со воена опрема, муниција, обука на украинските војници бидејќи нивната борба е и наша борба, подвлече Шолц во Потсдам, каде Кличко во име на украинскиот народ ја зеде медиумската награда М100.

Оклопните возила „многу брзо“ ќе му бидат испорачани на Киев, но, не сега, информираше министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

Таа најави испраќање два нови повеќекратни ракетни фрлачи „Марс-II“ и 200 ракети и 50 теренски возила тип „Динго“. Засега нема да ги достави борбените тенкови „Леопард-2“, што Украина упорно ги бара.

Според Шолц, Германија поддршката ќе ја одржи „сигурно и толку долго колку што ќе биде потребно“. Тоа ќе продолжи да се прави со блиска соработка со европските и меѓународните партнери.

Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се обрати до Европската Унија (ЕУ) со забелешки пред настанот.

– Денеска ја користам наградава како претставник на украинскиот народ, кој повторно се обраќа до ЕУ, таканаречениот слободен свет, Германците и германската Влада, изјави тој во интервју за ДПА.

Важно е „повторно да не се сврти погледот“, смета тој, зборувајќи за, како што посочи, недостатокот од последици по руската анексија на Крим во 2014 година.

– Без поддршка со оружје, оваа војна нема да се добие, истакна тој.

Медиумската награда М100 е доделена во Потсдам, близу Берлин, на Украинците кои „со херојска храброст, стоичка сила и нескротлива волја … веќе со месеци се бранат од бруталната руска инвазија“.

– Тие не ја бранат само својата независност, туку и независноста на целата Европа, нагласија организаторите.

На конференцијата за војната и медиумите учествуваа околу 60 меѓународни новинари. Шолц беше главниот говорник на настанот.

Германскиот канцелар напомена дека Русија со својата кампања против Украина води и информациска и пропагандна војна.

Во 2014 година, Виталиј Кличко беше награден со медиумската награда М100 како претставник на сите демократски движења во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Денеска се слават овие…

Свети Амфилохиј Икониски Сонародник и пријател на…

(Фото) Да не го мислите: Додека го…

Ленин Јовановски, претседателот на "Слобода превоз" кој…

Ковачевски “згрме”: Нема да трпам директори кои…

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека не…

Блерим Беџети ги подбра министрите на ДУИ:…

Градоначалникот на Сарај и организациски секретар на…

Функционер на Алијанса контра ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ:…

Поранешниот директор на Државниот инспекторат за шумарство…