Шојгу: Влезот на Финска во НАТО е ризик за ширење на конфликтот

„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Како што јави Ројтерс, тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс и дека влегувањето на Финска во алијансата претставува ризик за ширење на конфликтот.
„Шојгу рече и дека белоруските авиони сега се способни да носат руски нуклеарни проектили“, пренесува РТС.
Финска денеска и официјално ќе стане членка на НАТО. Кремљ денеска најави дека ќе преземе „контрамерки“ откако Финска ќе влезе во НАТО, со оценка дека проширувањето на западната алијанса претставува безбедносна закана за Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интересен податок: Како заработувале Бајден, Борисов, Обама,…
Минатата година, во февруари, пошироката јавност беше…
ОД ДЕНЕСКА ПИЈАЛАЦИТЕ ПОЕВТИНУВААТ ДО 30%; Паѓаат…
„Гарантираната цена“ која веќе се применува кај…
ПОЖАР ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО; Гори борова шума и…
Сува трева и борова шума од рано…
Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2…
Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со…
Зеленски: Ќе има повеќе наши, украински акции…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…