Шојгу: Русија три пати истрела хиперсонична ракета Кинжал во Украина

Ракетите Кинжал се дел од серијата нови хиперсонични оружја што претседателот Владимир Путин ги претстави во 2018 година во воинствен говор во кој рече дека можат да погодат речиси секаде во светот и да го избегнат противракетниот штит изграден од САД.
Говорејќи на државната телевизија, Шојгу рече дека ракетите се покажале ефикасни во погодувањето цели со висока вредност во сите три случаи, пофалувајќи ги како неспоредливи и речиси невозможно да се соборат во лет.
„Три пати пукавме кон нив за време на специјална воена операција“, рече Шојгу во интервју емитувано на државната телевизија Росија 1.
„И три пати покажаа брилијантни карактеристики. “
Русија првпат го употреби системот Кинжал во Украина околу еден месец откако испрати десетици илјади војници на територијата на својот сосед, гаѓајќи го големото складиште за оружје во западниот украински регион Ивано-Франковск.
Оваа недела руското Министерство за одбрана објави дека три воени авиони МиГ-31Е опремени со ракети Кинжал биле преместени во регионот Калининград, руска ексклава на балтичкиот брег што се наоѓа меѓу членките на НАТО и Европската унија, Полска и Литванија.
На Денот на руската морнарица кон крајот на минатиот месец, Путин објави дека морнарицата ќе ги добие, како што рече, „страшните“ хиперсонични крстосувачки ракети Циркон во наредните месеци. Ракетите можат да патуваат со девет пати поголема брзина од звукот, заобиколувајќи ја противвоздушната одбрана, пренесе Индекс.хр.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…