Шојгу тврди дека НАТО и ЕУ подготвуваат директен воен конфликт со Русија

НАТО и Европската унија започнале програми насочени кон подготовка за директен вооружен конфликт со Русија, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, во авторска статија објавена во „Росијска газета“.
„Европските елити, охрабрени од Лондон и Париз, не само што јавно зборуваат за стратешки пораз на Русија, туку и спроведуваат конкретни подготовки за воен судир“, напиша Шојгу. Според него, овие активности се дел од поширока стратегија на „колективниот Запад“, кој наводно ја користи „гебелсовската пропаганда“ за да ја оправда агресијата и проширувањето на НАТО кон исток.
Во текстот, Шојгу наведува дека во актуелниот геополитички контекст се зголемува значењето на рускиот Совет за безбедност, со кој, како што потенцира, раководи лично претседателот Владимир Путин.
Тој додаде дека Русија интензивно работи на развој на својот национален одбранбен систем, особено во услови на, како што ја нарекува, „хибридна војна“ започната од Западот. Според него, приоритетни остануваат заштитата на државниот суверенитет, територијалниот интегритет и духовните вредности на руското општество.
Шојгу исто така тврди дека западните разузнавачки служби спроведуваат засилени подривни активности против Русија, додека економските санкции, кои ги нарекува „невидени“, имаат цел да предизвикаат внатрешна нестабилност преку влошување на животниот стандард.
Во заклучок, тој истакнува дека специјалната воена операција во Украина, според Москва, претставува одговор на заканите врз руската безбедност и имала значително влијание врз глобалната рамнотежа на силите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…