Објавено на:

Шпанија под црвен аларм поради топлотен бран

t

Делови од Шпанија се зафатени од топлотен бран со рекордни температури за месец мај.

Шпанската национална метеоролошка агенција „АЕМЕТ“ издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Хаен во Андалузија се измерени 40,3 степени Целзиусови.

Медиумите извесуваат дека луѓето на југот на Шпанија бараат најразлични начини за да се разладат, дури и со капење во градски фонтани.

Регистрираната температура од 40,3 степени е за 16 степени повисока од просечната за овој период од годината. Во останатиот дел од земјата се измерени температури за најмалку седум степени повисоки од просекот.

Од „АЕМЕТ“ со предупредување дека топлотниот бран може да биде еден од најинтензивните во последните 20 години. Во многу места низ Шпанија температурата во раните утрински часови не се спушти под 25 степени.

Со топлотни бранови се соочуваат и други места низ светот, меѓу кои Индија и Пакистан, како и делови од САД, пред се сојузната држава Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сначез: Шпанија ја поддржува Македонија на европскиот…

Северна Македонија е во Европа, како географски,…

Бразил и Шпанија регистрираа први случаи на…

Први смртни случаи од мајмунски сипаници регистрирани…

Шпанија ја поддржува Србија во врска со…

Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција по средбата…

Лекот бил пет пари: Санчез ги повика…

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги повика…

Шпанија ќе бара од ЕП да го…

Шпанската влада синоќа соопшти дека ќе побара…