Шпанија праќа борбени авиони и воен персонал во Бугарија и Романија!

t

Шпанија ќе испрати вкупно 15 борбени авиони во Бугарија и Романија за да го зајакне своето воено присуство на источното крило на НАТО. Ова беше објавено во коминике на Министерството за одбрана во Мадрид, цитирано од Франс прес.

Од средината на ноември до почетокот на декември во Бугарија ќе бидат испратени 6 борбени авиони „Еурофајтер“ со 130 воени лица, кои ќе извршуваат „тренинг мисии за воздушно полициско работење“. Од декември до крајот на март следната година во Романија ќе бидат распоредени осум борбени авиони Ф-18, исто така со 130 војници од шпанското воздухопловство.

Во коминикето се наведува и дека од 17 октомври во романската база Скиту е распореден „радар за воздушно набљудување со долг дострел“, каде што ќе остане до крајот на март или крајот на јуни 2023 година. Испратени се и 38 воени лица. , благодарение на што радарот работи деноноќно и на тој начин го контролира воздушниот простор долж источното крило на НАТО, објави БНТ.

„На овој начин, Шпанија учествува во напорите за одговор и одвраќање на сојузниците и особено обезбедува воздушен штит со зголемување на редовните мисии на воздухопловните сили“, се вели во соопштението од Мадрид. По руската инвазија на Украина на 24 февруари, Шпанија веќе изврши неколку воздушни полициски мисии во Бугарија, Литванија и Естонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на историската комисија на 16 и…

Последните случувања во македонско – бугарските односи…

Земјотрес ја стресе и Бугарија

Според податоците на Националниот сеизмолошки центар при…

Знамињата на земјите членки на НАТО на…

Знамињата во седиштето на НАТО се спуштени…

Македонски војници ангажирани во НАТО операција во…

Повеќе од 250 војници на земјите на…

Ковачевски: Испративме писмо до Европскиот парламент и…

Владата и министерот за надворешни работи го…