Шпанија размислува за намалување на работната недела и за зголемување на платите

t

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми.

Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите.

Според весникот „Ел Паис“, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Марија Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.

Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.

Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Лазаров со апел за донации за…

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…

Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…

Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Дел од Општина Центар утре без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…

Овие 4 хороскопски знаци се родени да…

Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…