Шпанија стравува од долга и сурова војна во Украина

Министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес, денеска изјави дека очекува долга и сурова војна во Украина.
Таа истакна за „Антена 3“ дека убиствата и наводните мачења на цивили во Буча претставуваат „врв на ледениот брег“ кога станува збор за злосторствата извршени од руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина.
Доказите за насилство врз цивили се појавија откако украинската армија ја врати контролата во градовите во близина на Киев кои беа под руска опсада.
Роблес нагласи дека се очекуваат повеќе злосторства во регионот на Донбас, каде што украинските и руските сили се борат од 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
Путин во воена униформа ја посети областа…
Рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот…
Украина ги демантира тврдењата дека Русија го…
Борбите во рускиот регион Курск сè уште…