Шпански судија објасни: Тоа што излезе топката во аут – не важи!
Најгласен одек од синоќешното реми меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити (1-1) остави ситуацијата кога топката излезе од границите на теренот, а во продолжение се случи акцијата која го донесе голот на Кевин Де Брујне за 1-1.
Дури и Карло Анчелоти крена глас за овој момент и праша зошто ВАР не ја погледнал подобро ситуацијата, меѓутоа стигуна стручно објаснување. Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес, за „Марка“ објасни дека голот е регуларен и тоа што топката излегла во аут не е важно.
„Топката излезе во аут, но таа акција не важеше затоа што Реал Мадрид во продолжението го врати поседот на топка преку Камавинга. Камавинга ја зема топката, а потоа ја даде на противникот и тука почнува друга акција. Поради тоа ВАР не смее да се вклучи во проверка на голот. Ако Камавинга не ја прекинеше акцијата, тогаш ВАР ќе стапеше на сцена, а во ваква ситуација почнува друга акција, но првата не може да се провери“, се изјасни Гонзалес.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…