Објавено на:

ШПИГЕЛ: Руски хакери напаѓаат страници на германски државни институции и аеродроми

t

Руски хакери ги напаѓаат сајтовите на германските власти, институции и аеродроми, тврди германското списание „Шпигел“, повикувајќи се на интерниот извештај на надлежните органи.

Од кибер нападите, меѓу другото, се погодени и федералната полиција, неколку провинциски полиции, Бундестагот, Министерството за одбрана, но и партиската веб-страница на канцеларот Олаф Шолц.

Некои сајтови, како што се на Бундесверот и Министерството за одбрана, беа привремено затворени поради нападот.

Група хакери по име „Килнет“ ја презеде одговорноста преку Телеграм за кибер нападите.

Германските власти сметаат дека оваа активност на „Килнет“ е одмазда за испораката на оружје во Украина.

Инаку, „Килнет“ преку сопствените Телеграм канали бараше доброволци за виртуелна борба и нудеше за услугите, согласно јачината, од 50 до 3.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски удри по самарот, Гаши нѐ направи…

Претпоставувам дека ја знаете народната поговорка „кога…

(Видео) Ангелов: Два нови пожари ги вознемирија…

Два нови пожари кои денеска избувнале кај…

Со Порше возел 272 км на час…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека покренало…

Мјаука и Тошковски – МВР: Нема кривична…

Нема кривична одговорност кај Гаши за тоа…

Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото…

Техеран го задржува правото да одговори на…