Шпионcкa драма во Русија, 111 луѓе прогласени за странски агенти

Русија денеска на листата на странски агенти ги додаде новинарката Таисја Бекбуталова, две членки на панк групата Пуси рајот Надежда Толокоњикова и Вероника Никулшина, сатиричарот Виктор Шендерович и колекционерот на уметнички дела Марат Гелман. На листата странски агенти сега имаа 111 имиња.
– Овие лица систематски доставувале документи до непознат круг луѓе и добивале финансиски средства од странство, наведе руското Министерство за правда.
Законот за странски агенти е од 2012 година, квалификацијата потсетува на непријатели на народот од советско време, првично се применуваше на невладините организации, а потоа беше проширена на медиуми и поединци.
Организациите за слобода на изразувањето ја обвинуваат руската Влада дека Законот го користи како инструмент за замолчување на критичарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закана од Путин: Во 2014 немавме хиперсонично…
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Му текнало да се прошета: Од Кремљ…
Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент…
Семејство од Мариупол го пречека Путин со…
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на…
Израел испраќа воена опрема во Украина
Владата на Бенјамин Нетанјаху даде „зелено светло“…
ХАОС на небото: Воени авиони на НАТО…
Борбени авиони на НАТО по вторпат оваа…