ШТАНМАЈЕР ДВА ДЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Германскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Штајнмајер е предвидено да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети Ветерниот парк во Богданци.

Предвидена е и средба на германскиот претседател со премиерот Димитар Ковачевски попладне во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починат маж пронајден во куќа во Богданци

На 30.03.2025 во 17.20 часот во ОВР…

Се одморија: Собранието од утре продолжува редовно…

По две недели, Собранието од утре продолжува…

Возач под дејство на алкохол и со…

Во саботата навечер, на 29 март околу…

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски…

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска…