Штипјанец “се послужил” со туѓа картичка и потрошил повеќе од 350.000 денари

На 22.04.2022, по преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти кривично дело по чл.251 ст.2 од Кривичниот законик, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил Д.К.(35) од Штип.
Имено, постапувајќи по пријава од Д.К.(29) од Штип, според која во периодот од 15.04 до 21.04.2022 неговата банкарската картичка била злоупотребена, при што со неа биле извршени 87 успешни трансакции во вкупен износ од 356.889 денари на продажни места и банкомати во Штип, по преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Штип Д.К.(35) бил осомничен како сторител на кривичното дело.
Притоа, тој од банкомат во повеќе наврати извадил вкупно 270.000 денари. Од нив 148.000 му се вратени на оштетениот, а во координација со Јавен обвинител против Д.К. ќе следува соодветен поднесок, пренесуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вратен избеган затвореник од затворот во Штип
На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш,…
Последниот нека го изгаси светлото: 81 ученик…
Осумдесет и еден ученик од штипските основни…
Судски полицаец од Штип пронајден мртов!
Судски полицаец од Штип, кој бил на…
Кој стигне краде: Приведени седуммина крадци во…
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при…
ШТИП И КАВАДАРЦИ ВЕЧЕРВА КАКО ГАСНА КОМОРА:…
Кавадарци вечерва е како гасна комора, а…