Што знае дете што е калашников: Косовската полииција “улови” малолетници наоружани “до заби”
Косовската полиција приведе двајца малолетни Албанци во селото Могила во општина Клокот, каде се пронајдени две автоматски пушки калашников, пренесува Коха. Според информациите, полицијата набрзо ги ослободила и двајцата и случајот ќе се води во „редовна постапка“.
Според полицијата, при рутинска контрола запрен е автомобил со локални регистарски таблички во кој имало двајца малолетни Албанци А.А. (2007) и С.Х. (2006) а по извршениот претрес кај нив биле пронајдени две автомати АК-47.
По извршениот разговор, полицијата ги ослободила осомничените во редовна постапка.
„Регионалната полициска управа на Гњилан, ПС Клокот, додека патролирала во село Могила, запрела на рутинска контрола возило со локални регистарски таблички во кое имало двајца малолетни косовски Албанци. При претресот во багажникот на наведеното возило , полициски службеници пронашле две автоматски пушки АК-47 кои се одземени како доказ“, се вели во полициското соопштение.
Против осомничените е поведена постапка за „неовластено поседување оружје“.
Могила е мултиетничко село во општината Клокот, населена со претежно српско потекло, и има околу 80 српски и 100 албански куќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…