Што се случува со државава? Разбојништво на секој чекор – Малолетник извршил тешка кражба, пет лица тепале тинејџер во обложувалница

t

На 10.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба.

Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разговор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.


Исто така, тој признал дека на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 10.04.2022 во 15:20 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(19) од Скопје пријавил дека во 15:15 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од пет лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Вознемирувачка снимка од грабеж со нож на…

Во два наврати во само еден месец,…

Го фатиле на дело: 25 годишен битолчанец…

На 07.04.2022 на ул.„Нико Фундали” во Битола,…

Наместо да спречува крадел: Полицаец и вработен…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Врие од крадци: Украдени пари од лабораторија…

Вработена од приватна лабораторија од Куманово пријавила…

Срамота: Се обидел да краде од црква…

На 03.03.2022 во 14.00 часот на бул.„АСНОМ“…