Објавено на:

Што се случува? Мистериозно почина уште еден руски тајкун

t

Александар Суботин, поранешниот главен менаџер на Лукоил е пронајден мртов. Како причина за неговата смрт, наводно се наведува труење од жаба, пишува британски Индепендент.

Ова е последна во серијата мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени откако Москва ја започна својата инвазија на Украина.

По сеансата во Митишчи, град североисточно од Москва, Суботин наводно починал во подрумот од објектот.

Суботин ги посетил шаманот Магуа и неговата сопруга во нивниот дом, пишува каналот Маш на Телеграм, за да го лекува мамурлакот со отров на жаба.

„Тие направија засек на кожата, капнаа отров од жаба – и откако поврати, пациентот наводно се подобри“, напишал каналот на Телеграм.

Профилот на Телеграм исто така пишува дека Суботин долго време ги познавал шаманот и сопругата и често ги користел нивните услуги.

Неодамна, четворица сегашни и поранешни функционери на Газпром – заедно со уште еден руски енергетски функционер – загинаа под мистериозни околности во текот на неколку недели, како резултат на и после инвазијата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…