Што ќе попушти сега македонската комисија? Започна средбата на Историската комисија во Скопје
Во Министерството за надворешни работи во Скопје утрово почна средбата на членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Бугарските историчари предводени од шефот на тимот копретседавачот Ангел Димитров по пристигнувањето на влезот од Министерството не сакаа да дадат изјави за медиумите за темите и текот на денешната средба.
МНР вчера најавувајќи ја дводневната средба соопшти дека за нов член на Комисијата е назначен Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје. Именувањето како што наведуваат, е согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветно покривање области од нивната работа.
Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците, појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн.
– Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече Ѓоргиев.
Ѓоргие оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…
Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…
Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…
Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…
Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…
Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Русија предупредува на обид за дестабилизација на…
Министерството за надворешни работи на Русија издаде…