Што ќе се случува во Мариупол по 12 часот: Русија им даде време на Украинците да се предадат

Русија кажа дека ќе ги гарантира животите на преостанатите украински војници кои се борат во Мариупол ако денеска го положат оружјето. Руската влада соопшти дека украинските војници и странските платеници имаат рок да се предадат од пет до 12 часот по македонско време.
Оние што ќе се предадат ќе бидат третирани согласно Женевската конвенција за воени заробеници и нивните животи ќе бидат поштедени. Понудата се води од строго хумани принципи, кажа Москва.
Во изјавата не е наведено што ќе се случи доколку украинските сили продолжат да се борат. Нивната бројка не е позната. Русија вели дека преостанатите украински војници во градот се наоѓаат во областа на фабричкиот комплекс „Азовстал“. Киев досега не одговорил на понудата.
Претседателот Володимир Зеленски вчера кажа дека мировните преговори ќе бидат прекинати доколку украинските борци во Мариупол бидат елиминирани, со што вчера се закани првиот човек на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.
Ситуацијата во Мариупол е многу тешка. Нашите војници се блокирани, меѓу нив има и ранети. Таму се случува хуманитарна криза. И покрај тоа, нашите момци продолжуваат да се бранат – кажа Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина руски музичар кој го критикуваше Путин,…
Основачот на поп групата, чија песна стана…
По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати,…
По ковид пандемијата зголемен е бројот на…
Грујичиќ: Во 1999 година се водеше нуклеарна…
Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави…
Лазаров: Цел ден размислувам за Јана. Во…
Во текот на целиот ден размислувам за…
Филмско апсење во Катланово – Имало и…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…